Регистрација на фирма само по електронски пат

Bez autora
Dec 18 2013

Од почетокот на следната година регистрирањето фирми во Македонија ќе се врши само по електронски пат, во еден чекор, преку регистрациони агенти и без никакви трошоци. Директорот на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) Ванчо Костадиновски вели дека се веќе изготвени измените на Законот за трговски друштва и се очекува Собранието да ги донесе најдоцна до крајот на јануари идната година. Тој оценува дека до тогаш ќе се овластат доволен број сметководители како регистрациони агенти и ќе се покрие целата територија на државата. Сега такви овластувања имаат 121 сметководител, а во тек се обуките за нови регистрациони агенти. Од почетокот на годинава евидентирани се 6.247 нови компании, од кои 230 се регистрирале во ЦРМ по електронски пат.

Регистрација на фирма само по електронски патОд почетокот на следната година регистрирањето фирми во Македонија ќе се врши само по електронски пат, во еден чекор, преку регистрациони агенти и без никакви трошоци.

Директорот на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) Ванчо Костадиновски вели дека се веќе изготвени измените на Законот за трговски друштва и се очекува Собранието да ги донесе најдоцна до крајот на јануари идната година. Тој оценува дека до тогаш ќе се овластат доволен број сметководители како регистрациони агенти и ќе се покрие целата територија на државата. Сега такви овластувања имаат 121 сметководител, а во тек се обуките за нови регистрациони агенти. Од почетокот на годинава евидентирани се 6.247 нови компании, од кои 230 се регистрирале во ЦРМ по електронски пат.

Костадиновски најавува низа други измени на Законот за трговски друштва, со кои работењето на ЦРМ би се олеснило и би се подобрила бизнис климата. Една од нив е и обврската на сите фирми во државата да имаат електронска адреса, која станува задолжителен податок кој се доставува во Регистарот. Фирмите кои ја немаат ќе бидат потсетени да ја отворат, а ако не го сторат тоа, ќе бидат избришани од евиденцијата.

Продолжува и акцијата за бришење на неактивните компании од Трговскиот регистар. Веќе се избришани 4.200 кои не ги мигрирале сметките во едношалтерскиот систем откако се укинаа регистрационите судови, односно фирмите кои ја почнале, а не ја завршиле регистрацијата. Според Костадиновски, на ред за бришење се и 3.500 фирми со блокирани сметки, како и 6.100 кои не поднесуваат годишни сметки, но претходно нивниот статус треба да го утврди Управата за јавни приходи. Одговор дали последниве години имале некаква активност пред да се премине на бришење, од УЈП се очекува и за уште 37.748 компании на чии сметки немало трансакции.
Според директорот на ЦРМ оваа година повеќе фирми се отвориле, отколку што се затвориле. Новорегистрирани се 6.247, а во нормална процедура, поради стечаи и други причини затворени се 3.758 компании.

За сите овие активности на Централниот регистар, како и за сите негови нови проекти граѓаните ќе можат одблизу да се запознаат преку отворените денови што почнуваат денес во регистрационата канцеларија во Куманово. До крајот на јануари отворени денови ќе се организираат во вкупно 20 градови во државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik